fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

За непочитувањето на работничките права, неисплатата на К-15, за работата за викенд, празник или прекувремено – гледајте „Само прашај“.

Една стара поговорка вели: Секој да си гледа во сопствениот двор! Но, проблем е кога дворот не е сопственост само на еден човек или на едно семејство, туку на повеќемина станари односно на цела зграда.

Медиумите имаат релативно низок капацитет да го препознаат фемицидот, како најтешка форма на родово-базирано насилство, односно дека тоа е убиство на жена само затоа тоа што е жена и каде што постои намера да се изврши убиството.

Охрабрете ги средношколците да ги обработат темите што најмногу ги интересираат и засегаат преку мејнстрим медиумите. Пријавете го вашето училиште да учествува во „Новинарски спринт“ кој го организираат Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“.

Сите, од најмлади до највозрасни, сме подложни на дезинформации. Но, трикот е како во таа суптилна пропаганда да се дојде до вистинската информација и најважно, како да се заштитиме од дезинформациите. За ова дискутиравме на втората работилницата која Институтот за комуникациски студии ја организираше за членовите на здружението на пензионери на Општина Штип.

Презаситеноста од информации предизвикува збрка, информацискиот хаос ги голта релевантните информации, а во маглата не се гледаат ниту вистинските прашања ниту вистинските одговори.

Секојдневно сме „бомбардирани“ со безброј информации и од традиционалните и од новите медиуми, а особено на социјалните мрежи, поради што сѐ потешко е да се дојде до вистинската информација.

Учи преку практични пристапи од обучувачи-новинари кои ги познаваат трендовите. Запишуваме учесници на втората генерација на Мастер часовите за медиуми и новинарство, кои ги организираат Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС го организираа меѓународниот симпозиум „Да си го вратиме просторот за дигитални информации“ како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС Ве покануваат на меѓународниот симпозиум „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“ организиран во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.