
Повик за втората генерација на Мастер часовите за медиуми и новинарство
Пресретни ја ерата на дигитални информации со вештини за медиуми и новинарство. Учи преку практични пристапи од обучувачи-новинари кои ги познаваат трендовите. Запишуваме учесници на втората генерација на Мастер часовите за медиуми и новинарство, кои ги организираат Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Мастер часовите претставуваат комбинација од предавања, дискусии, вежби и практична работа. Тие ќе се реализираат во текот на март и април во три дена, преку презентации и дискусии со искусни новинари-обучувачи, по што учесниците преку менторство треба да изработат медиумски производи во тимови.
Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини.
На мастер часовите ќе научиш:
- Да ги препознаваш предизвиците на веб-базираното новинарство во дигиталната ера;
- Да користиш алатки за проверка на информации од социјалните медиуми;
- Да визуелизираш со (интерактивни) инфографики, графикони, мапи и аудио-слајдови;
- Да блогираш и да ја ангажираш публиката на веб;
- Да креираш сопствен блог и пишуваш на веб-пријателски начин;
- Да продуцираш видеа и поткасти со мобилен телефон;
- Да користиш слободни апликации за монтажа.
Програмата е бесплатна, а за учесниците надвор од Скопје организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување и превоз. По завршувањето на мастер часовите, учесниците се стекнуваат со сертификат.
Пријави се најдоцна до 12 март (недела) 2023 година, на ОВОЈ ЛИНК.
Лице за контакт: Дејан Андонов, програмски координатор, Институт за комуникациски студии – ; 071 317 661