fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за практиканти за млади новинари и истражувачи, во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) започнува проект кој ќе обезбеди поддршка на граѓаните, новинарите и граѓанските организации да го зголемат јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите во општеството.

Во неколкуте новинарски продолженија, новинарите од МИА - Ана Цветковска, Ангела Рајчевска и Борис Куноски, во соработка со Само прашај пишуваа за условите во кои престојуваат децата во воспитно-поправните домови.

22 професори и професионалци за животна средина и за комуникации од Македонија, Хрватска, Србија, БиХ и Албанија, на еднонеделна работилница во Загреб, ги вкрстија нивните знаења и искуства во креирањето на наставните програми за пет курсеви и финален хакатон.

Приказни за луѓе кои охрабруваат и инспирираат, за културата на живеење и за заборавени места, како и анализи за важни општествени теми. Ова се некои од завршните медиумски продукти кои ги изработија 60 учесници на првата генерација на мастер часовите за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“.

Преку отфрлањето на „францускиот предлог“ за кој првично се заложи премиерот и очигледно доминатен дел од нашето општество, мора да изградиме нов став со широк општествен консензус за каков било иден аранжман, којшто ќе биде заснован на темелни дискусии.

КАИРОС е меѓународно научно списание со отворен пристап и форум за размена на знаења и идеи помеѓу членови на академската заедница, истражувачи, експерти, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите.

Четворица средношколци ќе посетуваат едномесечна пракса во  МТВ, ТВ 24, ПлусИнфо и СДК.мк, каде под менторство на искусни новинари ќе научат повеќе за продукцијата на вести и работата во новинарска редакција.

Сатиричниот портал Кооперација, неодамна објави сатиричен напис во кој вклучија измислена изјава на премиерот Димитар Ковачевски, со наслов „Ги одмрзнавме цените затоа што граѓаните не можеа да ги дотрошат зголемените плати.“

Четири високообразовни институции ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово и Економскиот факултет на Универзитетот ФОН.