fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

животна средина Tag

Барате ново поле за развој на својата кариера или истражувања, флексибилни онлајн можности за усовршување или бесплатна меѓународна програма? Запишете се на Онлајн програмата за комуникација за животна средина, која е нова практична дисциплина што ги спојува управувањето со природните ресурси и комуникациските и новинарските техники.

22 професори и професионалци за животна средина и за комуникации од Македонија, Хрватска, Србија, БиХ и Албанија, на еднонеделна работилница во Загреб, ги вкрстија нивните знаења и искуства во креирањето на наставните програми за пет курсеви и финален хакатон.

Комуникацијата за животната средина е суштинска за да се разберат сложените еколошки предизвици и да се зајакне улогата на поединците и организациите во управувањето со животната средина.

Заедничката публикација на Рес публика и Проект Синдикејт „Нови врвови: Во потрага по повисоки климатски амбиции“ се фокусира на можните решенија со кои поспремни ќе ја дочекаме таа иднина. Решенија предложени од врвни експерти, политичари и претставници на меѓународната академска заедница.

Еко-активизмот не претставува само критика, туку и шанса да покажеме како може да се зачува природата. Викендов се дружевме со 80 средношколци од цела Македонија и држевме обуки за креативен активизам, ефективна употреба на социјалните мрежи, но и важноста на родовите прашања.

Викенд е. Луѓето опуштено размислуваат каде да ја запоседнат природата или да фатат навреме маса за кафе во некое од кафулињата на најпозната улица за пиење на кафе во Битола, Широк Сокак. И така да се отепаат неколку саати од викендот. Но, за една група активисти средношколци од Државното средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, предводени од нивната професорка, Марија-Магдалена Петковска Микаровска, секој викенд е причина да се извадат ракавици, лопати и гребла, да се купи метла плус и Битола и околината да ја ослободат од ѓубре. Таа е професорка по англиски јазик, нејзините часови се празник за учениците. Го изучуваат

Работата на инспекциските служби во животната средина има голема важност во превенцијата и санкционирањето дела што доведуваат до деградација на природните ресурси. Ефикасното планирање на редовните инспекциски надзори овозможува правилно насочување на ресурсите за следење и контрола онаму каде што е најпотребно.

Поголема достапност до информации за квалитетот на водата во Преспанското Езеро, расчистување на малите диви депонии во Струга, решавање на градежниот отпад во Демиркаписката Клисура, примена на добри земјоделски практики  во Тиквешкиот и Струмичкиот регион, како и поттикнување на екоактивизмот кај младите во Битола се шест иницијативи во рамки на кои Институтот за комуникациски студии и група граѓански организации годинава ќе преземат низа активности за унапредување на состојбите со животната средина.

Кои се најгорливите еколошки проблеми во регионите со заштитени подрачја? Колку во формалното образование се учи за екологијата и заштита на животната средина? Дали младите се вклучуваат во воннаставни активности во оваа област и што преземаат граѓанските организации и институциите за зачувување на животната средина се само дел од прашањата опфатени со истражувањето „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица Пелагонија, Тиквеш и Охрид) што го спроведе Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во Македонија во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од минатата година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“.