fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

повик Tag

Ако си средношколец/ка и сакаш да стекнеш применливи вештини за фотографирање или монтирање, пријави се на двете работилници на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, што ќе се одржат од 5 до 10 октомври во Скопје.

Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере како се создаваат информациите и како се организирани медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, шаблоните на креирање медиуми и консумирање медиумска содржина се веќе нејасни.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ објавува повик за консултанти со искуство во медиумска писменост и критичко размислување, образование, новинарство, проверка на факти, комуникации и/или сродни области за да станат консултанти за развој на ресурси. 

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, објавува јавен повик за доставување понуди за креирање и спроведување истражување на ставовите на граѓаните во областа на животната средина.

Институтот за комуникациски студии објавува повик за двајца професионалци за одржување на кратка обука за продукција на активистички документарни филмови за животната средина.

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД), објавува повик за доделување грантови за граѓански организации од регионите со заштитени подрачја (Охрид, Преспа, Демир Капија, Тиквеш, Струмица и Пелагонија) кои ќе понудат иницијативи за решавање локални проблеми за заштита на животната средина.

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, објавува јавен повик за доставување понуди за изработка на комуникациска стратегија за кампања од јавен интерес за застапување и лобирање промени на јавни политики во областа на животната средина.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, пишување на документи за јавни политики и планирање и имплементирање на кампањи од јавен интерес. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра комуникација со целните публики, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, преку користење на дигиталните медиуми. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

Високата школа за новинарство и односи со јавноста има потреба од графички дизајнер за изработка на едукативни видеа за медиумска писменост и промотивни материјали како дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Основање коалиција за медиумска писменост“, кој се спроведува во партнерство со Институтот за различности во медиумите (Media Diversity Institute) од Лондон и со дневниот весник Нова Македонија.