fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ИКС и медиумската
писменост

Ние ја разбираме важноста на медиумската писменост во дигиталната ера. Поединците кои се медиумски писмени се способни да го следат и да учествуваат во јавниот живот, користејќи ги сите медиумски платформи умно и критички. Оние кои ги немаат овие вештини се изолирани и ранливи.

Затоа, ние користиме повеќе алатки преку кои ја унапредуваме медиумската писменост и го намалуваме дигиталниот јаз, опфаќајќи притоа низа на општествени актери. За таа цел соработуваме со средношколците, училиштата, образовните и другите јавни институции, но и со граѓанските организации, академската заедница и медиумските професионалци.

Медиум

„Медиум“ е онлајн платформа за поттикнување на медиумската писменост, насочена првенствено кон средношколците и младите. На оваа веб-страница ќе се информирате за бројните медиумски лаборатории во средните училишта, медиумските денови, средношколските конкурси за медиумско изразување, летните кампови за медиумска писменост, Коалицијата за медиумска писменост, соработката со медиумите во оваа област. Дополнително, под името „Медиум“ го издаваме и единствениот средношколски весник во Македонија, кој се објавува уште од 2011 година.

Стоп дезинформации

„Стоп дезинформации“ e едукативна и информативна онлајн платформа за дигитална писменост и писменост за вести, со цел да се укаже на важноста на етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор. Веб-страницата изобилува со ресурси за граѓанскиот сектор, корисниците на социјални медиуми и медиумските професионалци за поефективно справување со лажните вести и неетичкото известување во медиумите. Платформата ја администрираме во рамки на европскиот проект „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми во партнерство со нас - ИКС, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон.