fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

емисија Tag

Со најновата трансформација во примарното здравство, матичните доктори ќе ја следат состојбата на пациентите со хронични болести и ќе им даваат терапија. Но, ќе се закажува термин и кај матичните лекари.

Дали Министерството за здравство ги остава на цедило крводарителите? Реагираат дека им се кратат бенефициите во здравствениот систем и дека јавното здравство не им ги пружа услугите кои им требаат.

Кога животот неочекувано ќе тргне во удолница, системот би требало да биде столб за стабилност, но наместо тоа, државата исцртува лавиринт од процедури и документи.

Граѓани мора да враќаат „брзи“ кредити кои не ги земале зашто им биле злоупотребени личните податоци. Од Групацијата на небанкарските финансиски друштва одбиваат да зборуваат за измамите, ниските казни од МВР и Обвинителството не ги одвраќаат од злоупотребите, а Народниот правобранител предупредува на огромни трошоци и провизии.

Некои граѓани се жалат дека плаќаат премногу за струја, други не знаат каде да се пожалат ниту каква е постапката. А сите сакаат дневна евтина тарифа. Прашања за сметките на струја има многу, а одговорите од ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика гледајте ги во емисијата Само прашај.

За непочитувањето на работничките права, неисплатата на К-15, за работата за викенд, празник или прекувремено – гледајте „Само прашај“.

Што сѐ тече заедно со водата во Црна Река? „Разбистри сè“ беше на терен со експертите од УХМР кои го мерат квалитетот на водите во најважната река во Пелагонија. Реката на некои места личи на отпаден канал, со фекалии, со многу лоша миризба. Резултатите од лабораторијата покажуваат присуство на тешки метали и се слични на претходните мерења. На албански јазик Metale të rënda i shkaktojnë sëmundje lumit Crna. Çka lëshohet në lumin më të rëndësishëm në Pellagoni dhe njëkohësisht dega e djathtë më e madhe e Vardarit? Мonitorimi i EPHM me vite tregon se lumi Crna është nën ndikim të madh antropogjen.

Кочанскиот геотермален басен, кој е меѓу најобемните на Балканот, не е целосно искористен, иако користењето на термалните води овозможува економски и енергетски заштеди и не ја загадува природата. Концесионери и инспектори велат дека во делови од земјава има диви корисници коишто ја намалуваат издашноста на системите за геотермални води, и покрај тоа што за незаконска експлоатација е предвиден затвор од 3 до 8 години. Проблем претставува и враќањето на водите во утробата на земјата. Малку фирми можат да прават реинјектирање и геотермалните води едноставно истекуваат по браздите. На албански јазик: Ujërat gjeotermike- jo mjaftueshëm të shfrytëzuara, por dhe të keqpërdorura përmes kyqjeve

Уредување на речните корита или остварување профит преку лукративен бизнис? Во „Разбистри сè“ ја отплеткуваме пајажината испреплетена околу ископот на песок и камен од реките.

Законот за води наложува индустриските отпадни води да се пречистуваат пред испуштање. Но на терен еколошки инциденти од хемикалии во реките и фабрики без пречестителни станици. Дури 99,7 проценти од непрoчистените отпадни води од индустријата и рударството, завршуваат директно во водотеци.