fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Граѓани мора да враќаат „брзи“ кредити кои не ги земале зашто им биле злоупотребени личните податоци. Од Групацијата на небанкарските финансиски друштва одбиваат да зборуваат за измамите, ниските казни од МВР и Обвинителството не ги одвраќаат од злоупотребите, а Народниот правобранител предупредува на огромни трошоци и провизии.

Проектот развива образовни модели за медиумска писменост кои можат да бидат спроведувани во формално и неформално образование и од различни чинители (граѓански организации, училишта, факултети, итн.).

Институтот за комуникациски студии (ИКС) има потреба да ангажира новинари, аудио и видео монтажери, дизајнери на звук, графички дизајнери и сниматели како надворешни соработници во реализирањето на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“.

Повикот е наменет за искусни или млади истражувачи кои имаат интерес да работат на истражувања во областа на медиумите и новинарството, односите со јавност, политичката комуникација, доброто владеење, и транспарентност и отчетност. Како предност ќе се смета искуството во работа на проекти и/или истражувања во областа на дезинформациите и пропаганда.

Со порастот на дигиталните медиуми и вештачката интелегенција, публиката значително се зголемува, а медиумската индустрија се соочува со суштински промени.

Во ера на молскавичен технолошки развој, дезинформациите се шират побрзо и повеќе од било кога. Ранливите групи се особено подложни на штетните ефекти на дезинформациите, а отпорноста на индивидуата на разорната моќ на дезинформациите мора да стане еден од главните приоритети во образованието.

Некои граѓани се жалат дека плаќаат премногу за струја, други не знаат каде да се пожалат ниту каква е постапката. А сите сакаат дневна евтина тарифа. Прашања за сметките на струја има многу, а одговорите од ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика гледајте ги во емисијата Само прашај.

Мастер часовите претставуваа комбинација од интензивни сесии, вежби и дискусии со обучувачи - искусни новинари и практична работа за изработка на медиумски производи во тимови.

Во ерата на брзиот технолошки напредок и дигитализацијата, дезинформациите се појавија како глобална закана со далекусежни политички последици. Пандемијата КОВИД-19 и војната во Украина ги изложија опасностите од дезинформациите и нивниот потенцијал да ја поткопаат довербата во институциите.