fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Онлајн едукација

Покрај магистерските програми, нудиме онлајн програми за професионален развој во областите на стратегиски комуникациим лидерство, претприемништво и менаџмент. Овие програми се овозможени од соработката со универзитети од Словенија, Турција, Литванија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, со што студентите имаат пристап до врвни теоретичари и професионалци. До сега, ИКС има реализирано две бесплатни онлајн програми, финансирани од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Онлајн програма за комуникација за животна средина

Комуникацијата за животна средина е нова практична дисциплина која ги спојува управувањето со природните ресурси и комуникациските и новинарските техники. Оваа специјализирана онлајн програма оспособува комуникатори за животна средина за различни сектори во општеството - граѓанското општество, академската заедница, медиумите, бизнисот и јавниот сектор. Програмата трае шест месеци - од јануари до јуни 2023 година, и вклучува 5 онлајн курсеви и завршен хакатон. Таа е заснована на онлајн учење и виртуелна мобилност, а учесниците ќе добијат сертификат и ЕКТС кредити.

Микромагистерски студии

Микромагистерските студии претставуваа бесплатни шестмесечни специјализирани програми за: (1) Претрпиемнички екосистем и иновациски стратегии; и (2) Дигитални комуникации и маркетинг. Програмите се реализираат во текот на 2020 година и беа наменети за студенти, но и за работодавци, претприемачи, менаџери, консултанти и за сите заинтересирани да ги подобрат своите вештини за бизнис, лидерство и комуникации. По завршувањето на програмите, студентите се стекнаа со по 25 ЕКТС кредити од област.

е-PROFMAN

е-PROFMAN беше бесплатна едногодишна онлајн програма програма за млади професионалци и студенти, која нудеше усоврушвање на менаџерските, лидерските и комуникациските вештини потребни за конкурентното бизнис опкружување. Програмата се состоеше од осум задолжителни и изборни онлајн курсеви, и од два настана - студентски камп и завршен семинар, кои се одржаа во текот на 2017 година. По завршувањето на програмата, студентите добија сертификат со 60 ЕКТС кредити.