fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

комуникации Tag

Барате ново поле за развој на својата кариера или истражувања, флексибилни онлајн можности за усовршување или бесплатна меѓународна програма? Запишете се на Онлајн програмата за комуникација за животна средина, која е нова практична дисциплина што ги спојува управувањето со природните ресурси и комуникациските и новинарските техники.

Институтот Изида Вита од Словенија и Институтот за комуникациски студии во соработка со Младински културен центар Битола (МКЦ) и Младински образовен форум (МОФ) во април ќе организираат три обуки за развивање претприемачки вештини за млади и за претставници на граѓански организации. Обуките ќе имаат за цел да ја подигнат свеста за балансираното учество на жените и мажите на водечки позиции во бизнисот и невладиниот сектор, како и да ги обучат младите да стекнат вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“ организира прес-конференција која ќе се одржи на 15 декември (петок), 2017 година со почеток во 10.30 ч во хотел Холидеј Ин (сала Скала) во Скопје.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави истражувањето „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“, чија цел е да утврди колку често и за кои цели граѓанските организации користат дигитални комуникациски алатки и техники за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи. Анализата се осврнува кон користа од дигиталното комуницирање, особено кога традиционалните медиуми се недостапни за граѓанските организации. Истражувањето исто така се осврнува и кон искуствата на некои од граѓанските иницијативи кои беа актуелни во јавноста во изминативе неколку години (Протестирам, Шарена револуција, Студентски пленум), кои се потпираа на социјалните медиуми во комуникацијата

Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, преку користење на дигиталните медиуми. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.