fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

писменост Tag

Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето. Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што на 24 април 2020 г. ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“ со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) втора година по ред ја организира Неделата против лажните вести. Ќе информираме, едуцираме, дискутираме како да се бориме против лажните вести и дезинформациите преку обуки, вебинари, дискусии, онлајн квизови, анимирани видеа и други едукативни ресурси.Целта на Неделата против лажните вести е да се поттикне критичкото размислување и да им се понудат алатки на граѓаните со кои ќе можат полесно ќе ги препознаат и да се заштитат од лажните вести, манипулациите и дезинформациите.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Институтот за различности во медиумите од Лондон го изработија „Прирачникот за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации“. Во него се содржани корисни совети како сите овие групи можат да ја промовираат медиумската писменост.

Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ е насловот на проектот што Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон ќе го спроведуваат во следните три години, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Вкупно 35 високообразовни институции, институции, медиуми и граѓански организации потпишаа пристапници кон т.н. Мрежа за медиумска писменост што ја основаше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Меѓу нив се Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во извештајот освен што се објаснува концептот „медиумска писменост“ и како тој е дефиниран во меѓународната регулатива, се анализираше состојбата со оваа област низ локална перспектива, односно како медиумската писменост се разбира и практикува во средното образование, во граѓанскиот сектор и во медиумите во Македонија. Истражувањето се реализираше со поддршка на Европската Унија.