fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

мастер часови Tag

Мастер часовите претставуваа комбинација од интензивни сесии, вежби и дискусии со обучувачи - искусни новинари и практична работа за изработка на медиумски производи во тимови.

Учи преку практични пристапи од обучувачи-новинари кои ги познаваат трендовите. Запишуваме учесници на втората генерација на Мастер часовите за медиуми и новинарство, кои ги организираат Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Стекни вештини и добиј совети за ерата на дигиталните информации со учество на мастер часовите за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“. Бесплатните мастер часови претставуваат комбинација од обука со физичко присуство и практична работа и ќе се реализираат во текот на мај и јуни. Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини. Тие, во период од 5 дена, ќе имаат сесии и дискусии со тренери кои се етаблирани новинари и ќе продуцираат мултимедијални производи во тимови и под менторство