Избрани шесте грантисти кои ќе решаваат локални проблеми за заштита на животната средина
Институтот за комуникациски студии (ИКС) во партнерство со Македонско еколошко друштво (МЕД) ги избра шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина.
Повик за доделување грантови за иницирање на решенија за локални проблеми од животната средина
Институтот за комуникациски студии (ИКС), во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД), објавува повик за доделување грантови за граѓански организации од регионите со заштитени подрачја (Охрид, Преспа, Демир Капија, Тиквеш, Струмица и Пелагонија) кои ќе понудат иницијативи за решавање локални проблеми за заштита на животната средина.
Средношколци и граѓански организации ќе решаваат проблеми за подобра заштита на животната средина
Шест граѓански организации заедно со средношколци од шест региони во земјава ќе иницираат решавање локални проблеми за заштита на животната средина. Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Македонското еколошко друштво (МЕД) следните две години ќе ги обучуваат еко-активистите и учениците од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како да иницираат и претстават одреден проблем во нивниот регион, а во чие решавање ќе ги вклучат граѓаните и институциите.