fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Сексистички говор на омраза кон младите девојки се шири преку коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на родово-базирани злонамерни и вознемирувачки содржини.

Oваа година Република Македонија одбележува 30 години полноправно членство во УНЕСКО. Нашата земја пристапи на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО на 28 јуни 1993 година, а наредната година во март 1994 година со одлука на Владата востановена е Националната комисија за УНЕСКО чиј Секретаријат како стручно и административно тело делува во рамките на Министерството за култура. Како дел од прославата на 75-от јубилеј во 2021 година, УНЕСКО, Велика Британија (како депозитар на Статутот) и Франција (како седиште на Организацијата) со задоволство ѝ овозможија на секоја држава членка и на нејзините граѓани дигитализирана копија од нивниот

Професионалните новинарски здруженија и граѓанските организации од медиумскиот сектор повторно упатуваат најостра реакција во врска со начинот на кој Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА) го води процесот на јавна дебата за дополнително предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) со кои се предлага повторно воведување на т.н. државно рекламирање во земјава.

Група од 84 студенти од различни земји се впушти во мисија да ја подигне свеста и да ги мобилизира луѓето за Светскиот ден на чистење. Студентите подготвија кампањи за социјален маркетинг, застапување и комуникација во рамките на 24-часовниот хакатон на Програмата за комуникација за животна средина.

Животна средина, ЕУ интеграции, квалитетот на водата за пиење, квалитетот на храната што ја консумираме и ширењето на дезинформации за овие и многу други прашања - овие проблеми ги надминуваат границите.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави водичот „Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации“, којшто има за цел да им помогне на новинарите, уредниците и медиумските работници како полесно да се справат со неизбежниот наплив на дезинформации, погрешни, злонамерни информации и други манипулативни техники.

Прекршувањето на дигиталните права вообичаено зачестува во овој период, при што онлајн дискурсот често ја преминува границата од дебата во говор на омраза и поттикнување насилство.

ИКС организираше работни средби со професори од повеќе средни училишта од Скопје, како и претставници на ИРЕКС, Младински образовен форум (МОФ), и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), кои ги изнесоа своите мислења и препораки за македонскиот модел за поттикнување граѓанска вклученост преку медиумска писменост.

Дали Министерството за здравство ги остава на цедило крводарителите? Реагираат дека им се кратат бенефициите во здравствениот систем и дека јавното здравство не им ги пружа услугите кои им требаат.

Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, го промовираа Речникот на медиумската писменост.