fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

На четиридневниот камп, 33-ца средношколци од 17 средни училишта од 10 градови учеа да препознаат дезинформации, да пишуваат вест одговарајќи на петте новинарски прашања, да структурираат новинарска приказна, но и како да направат добра фотографија и видео.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е добитник на годишното признание од МАРХ Македонска архитектура посветено за зголемување на видливоста на проблемите во областа на урбанизмот пред пошироката јавност и за постигнување влијание за промена на состојбите.

Во македонската регулатива нема усогласена дефиниција на дезинформациите. Тоа остава ризик политиките за спречување на ширењето дезинформации да се насочат кон замолкнување на критичката јавност и кон ограничување на слободата на говорот и работата на новинарите.

Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите.

На конференцијата ќе бидат претставени првичните наоди од истражувањето на ИКС за транспарентноста на македонската Влада како основа за спречување дезинформации, но и за тоа дали постојат институционални и човечки капацитети за препознавање и за справување со дезинформациите.

ИКС и Римската школа за бизнис те покануваат на бесплатниот настан „Како да станеш незаменлив во која било организација“ со Мирослав Драганов и Валерио Манчини кој ќе се одржи онлајн на 30 ноември (среда) од 16:00 до 17:00 часот.

Барате ново поле за развој на својата кариера или истражувања, флексибилни онлајн можности за усовршување или бесплатна меѓународна програма? Запишете се на Онлајн програмата за комуникација за животна средина, која е нова практична дисциплина што ги спојува управувањето со природните ресурси и комуникациските и новинарските техники.

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на почетокот од јуни беше избран заедно со уште три други високообразовни установи, да ја внесе медиумската писменост во наставните програми.

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на вториот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.