fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

известување Tag

Во текот на септември, мониторинг тимот на РДН констатираше повеќе наративи и дискурси во кои беше содржана омраза. Во овој месец имаше пораст на говорот на омраза, етничка дискриминација и ксенофобија кон различни етнички заедници, како и случаи на хомофобија и реторика против ЛГБТК+ во сите шест држави од Западен Балкан.

Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија останува иста како и пред една година. Телевизиите 24 Вести, Телма, Алсат М и ТВ 21 продолжија да ги следат политичките случувања од неутрална позиција и критички да ја опсервираат работата на јавните институции, што всушност е основна улога на професионалното новинарство кое го штити јавниот интерес. Од друга страна, кај телевизиите Сител, Алфа, ТВ Нова и Канал 5 повторно доминираат ставовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и известувањата за проектите и за достигнувањата на нејзините функционери.

МОДЕМ се фокусира на набљудување на медиумските содржини и изработка на анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое го загрозува политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес. Добиените анализи и податоци ќе им користат на граѓаните, цивилниот сектор, медиумските организации, носителите на одлуки и на меѓународната заедница при креирање поткрепени ставови и аргументи за иницирање политики.

Телевизиските вести се сведуваат на едноставно пренесување на настаните, но не и на новинарска ангажираност. Од 12 мониторирани телевизии, кај седум во прилозите се користи само еден извор на информирање (со исклучок на МТВ 2, Алсат М и ТВ 21), без разлика што во најголем број од случаите на едниот прилог следува прилог реакција за контратежа. Тоа можеби не влијае на вкупната слика на избалансираност на вестите, но се одразува на новинарското правило за консултирање на „двете страни“ во прилогот.

Медиумите не ја извршуваат својата основна функција – да бидат коректори на власта и балансирано да ја информираат публиката, посочија новинарите и учесниците на настанот. Медиумите во Македонија се заложници на политичките и бизнис интересите на нивните сопственици, а новинарството е само алатка за остварување на тие интереси.

Поголема транспарентност во работата на власта и овозможување суштинска дебата која ќе ги канализира ставовите на различни групи граѓани, се предуслови за одговорно и отчетно владеење. Само на овој начин ќе може целосно да се остварува јавниот интерес, кој во Македонија различни елити на моќ неретко го инструментализираат. Ова е еден од заклучоците од денешната конференција што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“.

„Известување од паралелни светови: медиумите на заедниците во Македонија“ отворa сериозни прашања за правата на етничките заедници во медиумската сфера во Македонија, за регулаторната политика во оваа област и за предизвиците што се поставуваат пред новинарската професионална заедница.