fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Меѓународен симпозиум: „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС Ве покануваат на меѓународниот симпозиум „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“ организиран во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Настанот ќе се одржи на 23 февруари 2023 година (четврток), во Хотел Александар Палас, Скопје, со почеток во 09:30 часот.

Дневен ред

ИКС го организира симпозиумот за да отвори дискусија за тоа како медиумската и информациската писменост може да им помогне на младите да стекнат доверба во медиумите, но и да научат да користат нови медиумски алатки за да влијаат на позитивните општествени промени.

Говорниците (академици, млади активисти, експерти во областа, и истражувачи од САД, ЕУ и Западен Балкан) ќе ги истакнат различните пристапи за проучување на клучните прашања за медиумската писменост, образованието за медиумска писменост во дигиталната ера, како и улогата на медиумската писменост во промовирањето граѓански ангажман и дигитално граѓанство.

Регистрација

За учество на конференцијата, потребно е да се регистрирате на формуларот за регистрација, најдоцна до 20 февруари, 16:00 часот:

Важно: За регистрираните учесници надвор од Скопје ќе биде обезбедено покривање на трошоците за патување во висина на автобуски билет, само со приложување на сметката и билетот на увид. Поради ограниченоста на средствата, трошоците ќе бидат покриени по принципот ‘прв дојден, прв услужен’.

Симпозиумот се одржува во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост,  „Младите размислуваат“, кој го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите на проектот се овозможени со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).

За прашања и повеќе информации околу настанот, обратете ни се на и .