Камп за медиумска писменост 2023
На четиридневниот камп, 33-ца средношколци од 17 средни училишта од 10 градови учеа да препознаат дезинформации, да пишуваат вест одговарајќи на петте новинарски прашања, да структурираат новинарска приказна, но и како да направат добра фотографија и видео.
Повеќе од 140 средношколци ѕирнаа во работата на новинарските редакции
Средношколците се запознаа со основите на новинарската професија, темпото на работа во редакциите, техничките побарувања на различните медиуми, но добија и корисни совети од искусни новинари и уредници.