fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Блог

Рес публика

Иако „Рес публика“ започна како едиција на истражувања кои ги создаваше ИКС, платформата е најпозната по академските блогови кои ги пишуваат експертите и граѓанските активисти на значајни теми од јавниот интерес. Покрај блогови и истражувања, на „Рес публика“ се издаваат и влогови и поткасти.

Дома

„Дома“ започна како подсајт на онлајн платформата „Само прашај“, кој се фокусира на заштитата на животната средина. Денес, на „Дома“ можете да најдете блогови преку кои анализираме, истражуваме и едуцираме за животната средина, а кои се напишани од мрежа на соработници и екологисти.

Стоп дезинформации

„Стоп дезинформации“ претставува платформа чија цел е да се промовира писменоста за вести и дигиталната писменост, како во медиумската индустрија, така и меѓу пошироката публика. За таа цел, на СтопДезинформации се издаваат блогови, видеа и инфографици.