fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Онлајн ресурси

Медиумска писменост

Бидејќи сме постојано опкружени со различни медиуми, неопходно е да научиме како да се справиме со неконтролираниот прилив на информации. На „Медиум“ ќе најдете ресурси кои ќе ви помогнат критички да се поставите кон вестите во вашето секојдневие.

Рес публика

На „Рес публика“ можете да најдете алатки и ресурси кои ќе ви помогнат за аргументирано изразување и пишување на академски блогови. Покрај тоа, на „Рес публика“ ќе го најдете и прирачникот за дигитален активизам. Платформата нуди и видео содржини за теми од јавнен интерес во Македонија.

Речник на медиумската писменост

Речникот на медиумската писменост е прв обид во Македонија да се претстават термините од оваа проблематика на македонски и на албански јазик. Во него се собрани најфреквентните поими коишто се однесуваат на оваа област.