fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

YouThink Tag

Комплексноста на медиумската писменост и разноличните пристапи за нејзина примена во образованието беа главните теми на дводневниот меѓународен симпозиум организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС „Во чекор со трендовите: образование за медиумска писменост во сè побрзото секојдневие“, што се одржа на 3 и 4 февруари како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. На онлајн настанот учествуваа светски познати авторитети за медиумска писменост, како американските професори - Рене Хобс и Пол Михаилидис, но и звучни имиња од Европа и од Западен Балкан кои искуствено потврдија дека систематскиот пристап за развој на медиумската, дигиталната и информациската

Симпозиумот имаше за цел, преку примери и искуства од професори и истражувачи од Северна Македонија и поширокиот регион, да претстави можни решенија за сеопфатно вклучување на медиумската писменост во високото образование.

Во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, ИКС и ИРЕКС ги покануваат сите универзитети и акредитирани високообразовни институции кои се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија да достават предлози за вклучување на медиумската писменост во нивните студиски програми и во други академски активности.

Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере како се создаваат информациите и како се организирани медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, шаблоните на креирање медиуми и консумирање медиумска содржина се веќе нејасни.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ објавува повик за консултанти со искуство во медиумска писменост и критичко размислување, образование, новинарство, проверка на факти, комуникации и/или сродни области за да станат консултанти за развој на ресурси. 

Со големо задоволство Ве покануваме на Меѓународниот симпозиум за критичко размислување и медиумска писменост кој ќе се одржи на 03 и 04 февруари, 2022 година.