Стручните училишта им го зедоа приматот на гимназиите
Техничките струки му го зедоа приматот на гимназиското образование. Ако порано беше престиж да се оди во општа гимназија за да се стекнат широки знаења, тоа повеќе не е случај. Од 17 000 запишани средношколци, дури 12 000 се во средни стручни училишта. Ова значи дека 70 % од учениците, наместо гимназија одбрале средно стручно училиште. Расте интересот и за дуалните паралелки.
Кога бракот станува „затвор“ неизбежен е разводот
Секој седми брак во Македонија завршува со развод. Во последните години драстично е зголемен бројот на разведени бракови и годишно е повеќе од 2000. Бројот на разводи лани пораснал за 9,4% во споредба со 2022 година.
Во светот на тишината многу бариери за глувонемите луѓе
Дали сте се запрашале како би изгледал вашиот живот кога рацете би ви служеле како средство за комуникацијата? Тешко е секојдневието во светот на тишината, а Македонија не прави доволно за луѓето со оштетен слух и говор, кои секојдневно се соочуваат со проблеми и бариери. Надоместокот за глувост е незначителен, толкувачи нема доволно и се малку платени, а и свеста во општеството сè уште не е на завидно ниво за овие граѓани да се чувствуваат рамноправни. Двојна дискриминација на глувонемите луѓе Проценките се дека во Македонија живеат околу 7 000 глуви и наглуви. Бројката е зголемена изминативе години. Овие луѓе секојдневно се
Се крати ли талкањето низ болниците за добивање терапија?
Со најновата трансформација во примарното здравство, матичните доктори ќе ја следат состојбата на пациентите со хронични болести и ќе им даваат терапија. Но, ќе се закажува термин и кај матичните лекари.
Министерството за здравство повторно ги крати бенефициите на крводарителите
Дали Министерството за здравство ги остава на цедило крводарителите? Реагираат дека им се кратат бенефициите во здравствениот систем и дека јавното здравство не им ги пружа услугите кои им требаат.
Колку е тежок патот до инвалидска пензија?
Кога животот неочекувано ќе тргне во удолница, системот би требало да биде столб за стабилност, но наместо тоа, државата исцртува лавиринт од процедури и документи.
Брзи кредити: Кој ги контролира „продавниците за пари“?
Граѓани мора да враќаат „брзи“ кредити кои не ги земале зашто им биле злоупотребени личните податоци. Од Групацијата на небанкарските финансиски друштва одбиваат да зборуваат за измамите, ниските казни од МВР и Обвинителството не ги одвраќаат од злоупотребите, а Народниот правобранител предупредува на огромни трошоци и провизии.
Скапа струја – Мака за плиткиот џеб на граѓаните
Некои граѓани се жалат дека плаќаат премногу за струја, други не знаат каде да се пожалат ниту каква е постапката. А сите сакаат дневна евтина тарифа. Прашања за сметките на струја има многу, а одговорите од ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика гледајте ги во емисијата Само прашај.
Рефундација на парите за здравствени услуги – емотивен ролеркостер
Ако успееш да најдеш лек, ќе платиш со свои пари, па ќе чекаш Фондот за здравствено осигурување да ти врати дел. Рефундацијата на средства – равенка со многу непознати. Платено лекување во странство и нови лекови на позитивната листа, други танталови маки на пациентите.
Посебно признание од ЗНМ за истражувањето на „Само прашај“ за продажбата на државно земјиште спроти „Нова Македонија“
Станува збор за приватизација на атрактивни парцели спроти поранешното НИП „Нова Македонија“, кои завршија во рацете на познат бизнисмен по цена од седум евра од квадрат. Истражувањето предизвика голем интерес во јавноста, по што Владата беше принудена да ја промени Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште и да ги зголеми цените.