fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните магистерски студии по менаџирање на стратегиски комуникации. Преку студиите ќе ги надградиш комуникациските, претприемничките и лидерските способности, ќе го демонстрираш твојот успех преку апликативни проекти и ќе изградиш цврста мрежа со етаблирани професори и професионалци.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе учествува во компаративна процена на студиските програми за новинарство во седум балкански држави преку Новинарскиот проект „Некст“ (Journalism NEXT Project). Целта на овој истражувачки проект е да утврди дали наставните програми во Македонија, Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција ги задоволуваат специфичните потреби на овие земји во однос на притисокот за демократизација.

Студенти на Високата школа ќе работат радио емисии со нивни колеги од Виена и од Сараево. Во текот на следните две години, студентите од трите земји, ќе се обучуваат во Австрија, Македонија и Босна и Херцеговина. Обуките и радио-продукцијата се дел од проектот Екс-Ју (Ex-You), кој е заснован на партнерство меѓу виенското радио Оринџ, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Скопје и Естудент, студентското радио од Сараево.