fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Проектен менаџмент

Ограничени сте со време, буџет и ресурси и не можете да се концентрирате на процесот на управување за да ги постигнете поставените цели? Со вештини за проектен менаџмент ќе умеете да ги извршувате сите збунувачки задачи на управувањето, како што се планирање, организирање, водење, контрола и буџетирање, управување со ризик, логистика, одржување и евалуација.

Прилагодени обуки

Институтот за комуникациски студии (ИКС) нуди прилагодени обуки за поединци и организации за усовршување на способностите за менаџирање проекти. Стекнете преносливи вештини кои можат да се користат на кој било проект и во различни области. Научете ги техниките и алатките на проектниот менаџмент за да изградите систематски пристап кој ќе го подобри вашето управување. Избегнете го ризикот успехот во организацијата да се потпира само на една личност и обезбедете јасна и навремена комуникација во тимови.