fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Охрабрете ги средношколците да ги обработат темите што најмногу ги интересираат и засегаат преку мејнстрим медиумите. Пријавете го вашето училиште да учествува во „Новинарски спринт“ кој го организираат Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“.

Медиумите во Македонија треба подобро да ја вршат својата улога на чувари на јавниот интерес, да известуваат објективно и непристрасно, особено кога се работи за родови прашања и заштита на правата на маргинализираните заедници.

Стекни вештини и добиј совети за ерата на дигиталните информации со учество на мастер часовите за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“. Бесплатните мастер часови претставуваат комбинација од обука со физичко присуство и практична работа и ќе се реализираат во текот на мај и јуни. Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини. Тие, во период од 5 дена, ќе имаат сесии и дискусии со тренери кои се етаблирани новинари и ќе продуцираат мултимедијални производи во тимови и под менторство

Со цел соочување со предизвиците на медиумите во овој поглед, ИКС организира онлајн работилница на која ќе се дискутираат клучните проблеми и предизвици на медиумите при нивното известување за родови прашања, и стандардите и принципите кои тие можат да ги применуваат во своите идни известувања на овие теми.

Граѓаните добиваат слободен пристап до податоците на потенцијалните загадувачи врз кои се врши инспекција и јавен увид во инспекциските извештаи на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).