ИКС е награден со обновена ЕРАЗМУС+ Повелба за Високо образование (2021-2027)
Институтот за комуникациски студии (ИКС) е награден со обновена Европска Повелба за Високото образование за периодот 2021-2027, и со тоа останува во Еразмус+ фамилијата на европски високообразовни институции.
Предложените измени на Законот за минерални суровини ги загрозуваат националните природни ресурси
Граѓански организации, високообразовни институции и експерти се противат на измените на Законот за минерални суровини кои Владата предлага да бидат усвоени на собраниската седница закажана за наредниот понеделник по скратена постапка, нетранспарентнo, без претходна јавна расправа и вклучување на јавноста. Тие реагираат дека предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.
Голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните за заштита на водата и инспекцискиот надзор врз природните ресурси
Постои голема неинформираност и незадоволство кај граѓаните во Македонија во однос на заштитата на водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси, покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии спроведена на крајот од минатата година во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“.
Избрани шесте грантисти кои ќе решаваат локални проблеми за заштита на животната средина
Институтот за комуникациски студии (ИКС) во партнерство со Македонско еколошко друштво (МЕД) ги избра шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина.
Започна кампањата „Разбистри сè“ за заштита и ефикасен инспекциски надзор врз природните ресурси
Кампањата во текот на наредната година ќе се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси.
Прес-конференција за почеток на кампањата „Разбистри сè“
Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува заедно да ја започнеме кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сé“.
