Мастер часови за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“
Стекни вештини и добиј совети за ерата на дигиталните информации со учество на мастер часовите за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“. Бесплатните мастер часови претставуваат комбинација од обука со физичко присуство и практична работа и ќе се реализираат во текот на мај и јуни. Мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини. Тие, во период од 5 дена, ќе имаат сесии и дискусии со тренери кои се етаблирани новинари и ќе продуцираат мултимедијални производи во тимови и под менторство