fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Онлајн настан: Како до подобро родово известување на медиумите во Македонија

Медиумите имаат клучна улога во промовирањето на родовата еднаквост, и преку нивното известување можат да помогнат во рушење на траидиционалните стереотипи поврзани со родот. Последниве неколку години бевме сведоци на случаи каде што медиумите потфрлија во оваа своја улога (види: Јавна соба).

Повеќе граѓански организации и институции со години укажуваат на недостигот од урамнотежена родова застапеност во медиумското известување во Македонија.

Со цел соочување со предизвиците на медиумите во овој поглед, ИКС организира онлајн работилница на која ќе се дискутираат клучните проблеми и предизвици на медиумите при нивното известување за родови прашања, и стандардите и принципите кои тие можат да ги применуваат во своите идни известувања на овие теми.

Придружете ни се на 20 април (среда), во 11:00 часот на платформата Зум.

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Настанот се организира во рамки на проектот „Мрежа за известување за разновидност 2.0“ чиј главен имплементатор е Институтот за разновидност на медиумите во Западен Балкан, а во кој партнерски организации се ИКС, Центарот за истражувачко новинарство Црна Гора, Центарот за истражувачко новинарство Босна и Херцеговина, Албанскиот институт за медиуми и Косово 2.0.

Мрежата е воспоставена со финансиска поддршка од Европската унија, Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов Фонд на САД и Кралската Норвешка амбасада во Белград.

Агенда за настанот

среда (20 март), 11:00 ч. (Zoom)

11:00-11:05 Вовед во настанот
модератор: Ана Зафирова
11:05-11:20 Родово (не)сензитивно известување на македонските медиуми
Елена Гаговска, новинарка и истражувачка
11:20-11:35 Каде грешат медиумите кога известуваат за родови прашања?
Огнен Јанески, медиумски експерт
11:35-11:50 Правила и принципи на професионално известување за родот
Марина Тунева, медиумски експерт
11:50-12:20 Дискусија
12:20-12:30  Заклучоци и затворање на настанот