fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Средношколците се запознаа со основите на новинарската професија, темпото на работа во редакциите, техничките побарувања на различните медиуми, но добија и корисни совети од искусни новинари и уредници.

На 30 септември (петок), Институтот за комуникациски студии ќе го организира шестиот Медиумски ден. Околу 130 ученици од 13 училишта ќе ги посетат МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера и ТВ Вис кои се традиционални домаќини, и ТВ Сител и Медиумската информативна агенција (МИА) кои прв пат ќе се приклучат на традицијата.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) има потреба да ангажира фирма или тим од соработници за веб-развој, UX и UI редизајн на веб-страницата medium.edu.mk.

Ако си средношколец/ка и сакаш да стекнеш применливи вештини за фотографирање или монтирање, пријави се на двете работилници на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, што ќе се одржат од 5 до 10 октомври во Скопје.