fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Институтот за комуникациски студии (ИКС) има потреба да ангажира новинари, аудио и видео монтажери, дизајнери на звук, графички дизајнери и сниматели како надворешни соработници во реализирањето на проектот „ Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за практиканти за млади новинари и истражувачи, во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) започнува проект кој ќе обезбеди поддршка на граѓаните, новинарите и граѓанските организации да го зголемат јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите во општеството.

Во неколкуте новинарски продолженија, новинарите од МИА - Ана Цветковска, Ангела Рајчевска и Борис Куноски, во соработка со Само прашај пишуваа за условите во кои престојуваат децата во воспитно-поправните домови.

22 професори и професионалци за животна средина и за комуникации од Македонија, Хрватска, Србија, БиХ и Албанија, на еднонеделна работилница во Загреб, ги вкрстија нивните знаења и искуства во креирањето на наставните програми за пет курсеви и финален хакатон.

Приказни за луѓе кои охрабруваат и инспирираат, за културата на живеење и за заборавени места, како и анализи за важни општествени теми. Ова се некои од завршните медиумски продукти кои ги изработија 60 учесници на првата генерација на мастер часовите за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“.