За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Истражувања и анализи

Состојбата со животната средина во Република Македонија е длабоко амбивалентна. Од една страна, во државата има бројни, многу значајни, еколошки вредности и светски природни наследства, а од друга, со децении постои лошо управување со природата, злоупотреба на природните ресурси како и непостоење на стратегиски пристап за решавање на еколошките проблеми и предизвици.

Овој документ за јавна политика препорачува да се воспостави национален механизам за координација и отпорност на СММИ, што ќе обезбеди институционална поврзаност, регулирана размена на информации и системско следење на заканите со јасни улоги, протоколи и индикатори за изведба.

Северна Македонија, како земја на крстосница на геополитичките интереси, треба итно да воспостави интегриран и функционален систем за одговор на заканите од странско мешање и манипулирање со информации.

Целта на оваа студија на случај е да обезбеди сеопфатна анализа базирана на докази за странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) од Русија во Северна Македонија, со посебно внимание на улогата на Бугарија.

Овој документ за политики ги анализира регулаторните обврски и институционалните одговорности што произлегуваат од законодавната рамка на ЕУ за зајакнување на интегритетот на информациите и зголемување на отпорноста на општеството кон странското мешање и манипулирање со информации (СММИ).

Оваа студија ги истражува механизмите, методите и ефектите на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) (Foreign Information Manipulation and Interference – FIMI) во Република Северна Македонија, со посебен акцент на националната безбедност, медиумскиот колорит и општествената кохезија.

Публикацијата „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“, е финале на големото истражување „Мерење на политичките штетни наративи“ (ШТЕТ-НА)

Родово базираното насилство претставува една од најсериозните форми на нарушување на човековите права, со длабоки индивидуални и општествени последици.

Ова истражување има цел да испита на кој начин граѓаните добиваат информации, кои теми најмногу ги интересираат, како го перципираат известувањето на медиумите, нивните ставови за транспарентноста и отчетноста на државните институции, како и нивните стратегии за справување со дезинформации.

Публикацијата е резултат на истражувањето „Мерење на политички штетните наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии спроведено во соработка со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и на медиумите, новинари и медиумски професионалци.