За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Истражувања и анализи

Публикацијата „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“, е финале на големото истражување „Мерење на политичките штетни наративи“ (ШТЕТ-НА)

Родово базираното насилство претставува една од најсериозните форми на нарушување на човековите права, со длабоки индивидуални и општествени последици.

Ова истражување има цел да испита на кој начин граѓаните добиваат информации, кои теми најмногу ги интересираат, како го перципираат известувањето на медиумите, нивните ставови за транспарентноста и отчетноста на државните институции, како и нивните стратегии за справување со дезинформации.

Публикацијата е резултат на истражувањето „Мерење на политички штетните наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии спроведено во соработка со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и на медиумите, новинари и медиумски професионалци.

Токсичниот политички дискурс во Северна Македонија и понатаму е присутен во медиумите, поттикнат од силната поларизација и анонимноста на социјалните мрежи. Во периодот помеѓу 29 септември и 22 декември 2024 година, преку EOOH платформата извршивме следење на вкупно 238 објави (n=238), при што беа добиени сознанија за тоа каков е говорот на омраза насочен кон политичките претставници.

Анализата на родово базирани медиумски содржини „Родовите дезинформации препрека за жените во спортот“, Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја изработи за периодот од 26 јули до 27 август 2024, односно за време на Летните олимписки игри во Париз, Франција. Беа анализирани 400 новинарски извештаи поврзани со боксерките Имане Калиф и Лин Ју-Тин објавени на онлајн медиумите, како и 170 коментари на овие новинарски извештаи на социјалните платформи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

Оваа студија на случај разгледува колку беше распространет и каква беше природата на родовиот говор на омраза на интернет, при што става акцент само на претседателските избори организирани во 2024 година.

Во публикацијата пишува дека во семејствата на младите кои се помалку ангажирани не се зборува често за општествено-политичките настани и тие не се насочуваат, ниту се притискаат да гласаат. Дискусиите и разговорите се поретки и во училиштата.

Овој извештај ги содржи наодите од истражувањето на јавното мислење за практиките и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите.

Истражувањето покажува дека самото присуство на политичарките во медиумите е доволна основа за нивно стереотипизирање и дискриминација поврзана со традиционалните родови улоги и изгледот на жените, особено преку употреба на сензационалистички јазик.