Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам
Водичот за екоактивизам се фокусира на правните механизми за заштита на животната средина, екоактивизмот како граѓански ангажман, но и како да се создаваат кампањи за застапување на инцијативи од јавен интерес. Во него подетално ќе прочитате зошто е важно и како да се заштити животната средина со македонското право, граѓанската ангажираност како важен услов за унапредување, но и спречување какво било деградирање на животната средина како и за чекорите на планирање на кампањи од јавен интерес, со посебен акцент на социјалните мрежи.
Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го спроведува Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).