Извештај од истражување на способноста на граѓаните за препознавање и справување со дезинформации
Овој извештај ги содржи наодите од истражувањето на јавното мислење што се однесува на утврдувањето на способноста на граѓаните за препознавање и справување со дезинформации. Истражувањето има неколку цели, односно да ја утврди свесноста на граѓаните за заканите од дезинформации и нивните техники, нивните извори, финансирање, мотиви и ефекти; да ги утврди знаењето и вештините за препознавање дезинформации, како и однесувањето на граѓаните во однос на дезинформациите, и да ги идентификува практиките на креирање медиумски содржини.
Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, кој го спроведува Институтот за комуникациски студии во периодот од 2022 до 2025 година, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Проектот има цел да ја зајакне отпорноста на широката јавност и ранливите групи во Македонија кон дезинформациите.