За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиуми

Овој вовед во раскажувањето приказни преку видео вклучува разбирање на основните принципи што ги прават визуелните наративи привлечни, ангажирачки и ефективни.

Ова резиме за јавна политика ја поставува отпорноста како системски одговор на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ).

Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) претставува сложен системски ризик за демократските општества кој особено се појавува и се засилува преку медиумите.

Примарната цел на студијата е да објасни начинот на кој инфлуенсерите се инкорпорираат во екосистемот на странско мешање и манипулација со информации (СММИ), да се препознаат клучните регулаторни и институционални празнини и да се проценат реалните ризици за македонскиот медиумски и политички амбиент.

Овој документ за политики ги анализира регулаторните обврски и институционалните одговорности што произлегуваат од законодавната рамка на ЕУ за зајакнување на интегритетот на информациите и зголемување на отпорноста на општеството кон странското мешање и манипулирање со информации (СММИ).

Оваа студија ги истражува механизмите, методите и ефектите на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) (Foreign Information Manipulation and Interference – FIMI) во Република Северна Македонија, со посебен акцент на националната безбедност, медиумскиот колорит и општествената кохезија.

Публикацијата „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“, е финале на големото истражување „Мерење на политичките штетни наративи“ (ШТЕТ-НА)

Родово базираното насилство претставува една од најсериозните форми на нарушување на човековите права, со длабоки индивидуални и општествени последици.

Ова истражување има цел да испита на кој начин граѓаните добиваат информации, кои теми најмногу ги интересираат, како го перципираат известувањето на медиумите, нивните ставови за транспарентноста и отчетноста на државните институции, како и нивните стратегии за справување со дезинформации.

Публикацијата е резултат на истражувањето „Мерење на политички штетните наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии спроведено во соработка со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и на медиумите, новинари и медиумски професионалци.