Нови врвови: Во потрага по повисоки климатски амбиции
Во третава деценија на дваесет и првиот век веќе се презедоа ветувачки нови климатски обврски. Сè повеќе влади и големи корпорации поставуваат цели за намалување на емисиите на стакленички гасови. Но, останува уште многу да се направи. Брзото ширење на Делта сојот на коронавирусот и огромниот број екстремни шумски пожари и бури ширум светот, беа пеколен предвесник на сè поверојатната иднина.
Заедничката публикација на Рес публика и Проект Синдикејт „Нови врвови: Во потрага по повисоки климатски амбиции“ се фокусира на можните решенија со кои поспремни ќе ја дочекаме таа иднина. Решенија предложени од врвни експерти, политичари и претставници на меѓународната академска заедница.