Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија
Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники.
Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија
Документот „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“ се осврнува кон проблематиката поврзана со регулирање на онлајн медиумите и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од овој процес.
Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа
Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион.
Партиципативен модел за јавните медиуми во Македонија: Заживување на една идеја
Како Македонската радиотелевизија (МРТ) да се трансформира во модерен радиодифузен медиум близок на граѓаните? За да се направи тоа, потребен е поинаков нормативен модел на јавен сервис од оној што е сега вграден во законската регулатива – партиципативен модел на јавен медиумски сервис.
Барање за спроведување системски медиумски реформи
Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции.
Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?
Анализата „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“ има цел да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции?
Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ)
МОДЕМ се фокусира на набљудување на медиумските содржини и изработка на анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое го загрозува политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес. Добиените анализи и податоци ќе им користат на граѓаните, цивилниот сектор, медиумските организации, носителите на одлуки и на меѓународната заедница при креирање поткрепени ставови и аргументи за иницирање политики.
Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија
Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“.
Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести
Целта на истражувањето „Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести“ е да ги согледа комуникациските практики на медиумите, активистите и претставниците на државните институции за време на некои од граѓанските протести кои се одржаа во Македонија во 2014 и 2015 година.
Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во извештајот освен што се објаснува концептот „медиумска писменост“ и како тој е дефиниран во меѓународната регулатива, се анализираше состојбата со оваа област низ локална перспектива, односно како медиумската писменост се разбира и практикува во средното образование, во граѓанскиот сектор и во медиумите во Македонија. Истражувањето се реализираше со поддршка на Европската Унија.