fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

песок Tag

Уредување на речните корита или остварување профит преку лукративен бизнис? Во „Разбистри сè“ ја отплеткуваме пајажината испреплетена околу ископот на песок и камен од реките.

Кога не се обезбедени основните услови за прецизно уредување и одржување на водните тела, се создава клима во која мотивот за вадење на овие минерални суровини е лукративен и не се врши за остварување на јавниот интерес за заштита од штетно дејство врз водите. На ваков начин, наместо регулација на површинските водни тела, ископот на материјал станува нелегален бизнис со комерцијални цели.