За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Животна средина

Состојбата со животната средина во Република Македонија е длабоко амбивалентна. Од една страна, во државата има бројни, многу значајни, еколошки вредности и светски природни наследства, а од друга, со децении постои лошо управување со природата, злоупотреба на природните ресурси како и непостоење на стратегиски пристап за решавање на еколошките проблеми и предизвици.

Во време на климатската криза, непрофитните организации, големите корпорации, бизнисите, политичките институции или универзитетите треба сè повеќе да преземаат одговорност за своите постапки и да комуницираат за животната средина.

Публикацијата „Климатските промени и отпорот на природата “, претставува сублимација на сите релевантни и најнови информации и истражувања за влијанието на климатските промени врз природата, живиот свет и животната средина во Македонија.

Во оваа публикација, можеме да прочитаме текстови од млади автори кои имаат да споделат идеи за подобра и поздрава животна околина. Текстовите се изработени во рамки на натпреварот за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“ организиран од Рес публика и Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Заедничката публикација на Рес публика и Проект Синдикејт „Нови врвови: Во потрага по повисоки климатски амбиции“ се фокусира на можните решенија со кои поспремни ќе ја дочекаме таа иднина. Решенија предложени од врвни експерти, политичари и претставници на меѓународната академска заедница.

Водичот за екоактивизам се фокусира на правните механизми за заштита на животната средина, екоактивизмот како граѓански ангажман, но и како да се создаваат кампањи за застапување на инцијативи од јавен интерес.

Кога не се обезбедени основните услови за прецизно уредување и одржување на водните тела, се создава клима во која мотивот за вадење на овие минерални суровини е лукративен и не се врши за остварување на јавниот интерес за заштита од штетно дејство врз водите. На ваков начин, наместо регулација на површинските водни тела, ископот на материјал станува нелегален бизнис со комерцијални цели.

Работата на инспекциските служби во животната средина има голема важност во превенцијата и санкционирањето дела што доведуваат до деградација на природните ресурси. Ефикасното планирање на редовните инспекциски надзори овозможува правилно насочување на ресурсите за следење и контрола онаму каде што е најпотребно.

Во отсуство на комплетна евиденција на корисници и загадувачи на вода не може да се утврди степенот на штетно влијание, па секоја управна мерка донесена од МЖСПП е паушална.

Постојниот мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во Македонија е несоодветен за да даде реална слика за состојбата на водните ресурси. Причините за ваквата состојба се непостоењето програми за мониторинг и картографски прикази според барањата на Законот за води, недоволни финансиски и кадровски ресурси, лошата состојба на државните мерни станици и неисполнувањето на обврските за интерен мониторинг.