fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиумска писменост

Во публикацијата пишува дека во семејствата на младите кои се помалку ангажирани не се зборува често за општествено-политичките настани и тие не се насочуваат, ниту се притискаат да гласаат. Дискусиите и разговорите се поретки и во училиштата.

Овој извештај ги содржи наодите од истражувањето на јавното мислење за практиките и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите.

Во денешно време, важно е секој ученик да стекне вештини за критичко размислување и креативно изразување. Овој водич содржи идеи како да ја направите вашата училница простор каде секој се чувствува добредојдено и вреднувано.

Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни.

Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни.

Водичот за обучувачи за креативност преку критичка медиумска писменост е креиран да им помогне на обучувачите и едукаторите да ги поттикнат студентите да „размислуваат надвор од кутијата“ кога консумираат различни медиумски содржини. Водичот комбинира теорија со пракса и може да се примени во различни образовни услови, сè за да ги збогати знаењата и вештините на студентите да станат одговорни и критички консументи, но и креатори на медиумски содржини.

Водичот за обучувачи за развивање вештини за медиумска писменост е наменет да биде практичен водич за секој што сака да користи модел на инклузивно развивање на медиумска писменост, без разлика дали станува збор за училиште, како дел од работната програма на класниот раководител, или граѓанска организација.

Водичот „Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации“ е наменет првенствено за новинарите и медиумските работници кои се соочени со наплив на дезинформации, погрешни или злонамерни информации или разни други манипулативни техники.

Истражувањето „Ранливост на дезинформации кај различни групи граѓани во Северна Македонија“ има за цел да ги утврди индивидуалните фактори, мотиви и бариери за препознавање и за справување со дезинформациите на ранливите групи граѓани.

Истражувањето „Улогата на институционалната транспарентност во справувањето со дезинформациите и шпекулациите во Северна Македонија“ има за цел да идентификува како транспарентноста може да помогне во спротивставувањето на ширењето на дезинформации што ја поткопуваат довербата во државните институции.