fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Медиумите овозможија широка застапеност на антиродовите наративи во медиумскиот простор, со што придонесоа за пласирање и ширење родови дезинформации при известувањето за настаните во врска со Предлог-законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.

КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации.

Над 70 учесници (членови и вработени) на занаетчиски комори од Македонија, Хрватска и Словенија преку обука за дигитален маркетинг ќе ги зајакнуваат своите вештини за да можат што подобро да ги промовираат во онлајн просторот традиционалните занаети и богатото културно наследство на Македонија, Хрватска и Словенија.

Трендот кај младите луѓе, особено оние на возраст од 18-24 години, сè повеќе да се одвојуваат од традиционалните извори на вести, а вестите нив да ги пронаоѓаат, го нагласуваат различни истражувања.