fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Обука на занаетчиите за дигитален маркетинг: Спој на традицијата и современите текови

Над 70 учесници (членови и вработени) на занаетчиски комори од Македонија, Хрватска и Словенија преку обука за дигитален маркетинг ќе ги зајакнуваат своите вештини за да можат што подобро да ги промовираат во онлајн просторот традиционалните занаети и богатото културно наследство на Македонија, Хрватска и Словенија.

Тргнувајќи од дефиницијата за дигиталниот маркетинг како употреба на бројни дигитални тактики, стратегии, алатки и канали за поврзување на клиентите кои најголем дел од своето време го поминуваат онлајн, Институтот за комуникациски студии (ИКС) подготви шестнеделната обука, во шест различни модули во текот на која еднаш неделно по три часа ќе се изучуваат клучни теми од дигиталниот маркетинг.

Секој модулот е дизајниран да одговори на специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат занаетчиските комори и нивните членки. На крајот, обуката ќе биде заокружена со план за  дигитална маркетинг кампања  што ќе ја изработат претставниците на коморите од секоја земја што ќе треба и да го спроведат.

Предизвиците на кои членовите на занаетчиските коморите ќе работат до крајот на обуката со нивниот предавач Милош Џајиќ (Miloš Đajić) се: Како да се подобрат програмите и процесите за обезбедување на квалитет на мајсторскиот испит и поголема свесност за полагање на мајсторскиот испит кај занаетчиите.

На овој начин, занимањата за кои се бара конкретна работна вештина и се сметаат за неиндустриско производство кое ги одржувало општествата низ целиот развој, ќе се спојат со современите текови, со што ќе се подобри и нивното промовирање и промовирањето на нивните уникатни производи и воедно ќе се спречи изумирањето на оваа значајна стопанска гранка.

 

Институтот за комуникациски студии ја реализира обуката во рамки на Еразмус+ проект Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит.