Покана до медиуми: Презентација на ставови и препораки од анализи на тема: „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“
Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија организираат средба која ќе се одржи на 11 јуни 2025 година (среда), во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија, со почеток од 11:00 часот.
Обука за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации (СММИ)
Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за учество на специјализирана обука за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации што ќе се реализира последната недела од јуни 2025 година во Скопје.
Петиција за спас на најзагрозената пеперутка во Европа: Македонската сивка
Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренува петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.
ИКС и Про вајлдлајф (Pro Wildlife) за меѓународна заштита на македонска сивка
Организациите апелираат државата да го достави предлогот до Секретаријатот на CITES најдоцна до 27 јуни, пред одржувањето на 20-тата Конференција на страните (CoP20) што ќе се одржи од 25 ноември до 5 декември во Самарканд, Узбекистан.
ИКС го сподели своето искуство со еко-новинарството пред Европското здружение за обука на новинари
Еколошкото новинарство добива сè поважна улога во заштитата на животната средина и во донесувањето на правилни политики за решавање на еколошките проблеми, како што се климатските промени, загубата на биолошката разновидност и загадувањето
Три награди со печат на ИКС на конкурсот за климатски промени на СЕММ
Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5.000 животи годишно како да сме во војна“ ја доби првата награда на конкурсот за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2024/април 2025 година, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија.
