За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Проектот постигна високо ниво на политичко внимание – пратеници од различни партии побараа презентации и иницираа дискусии во Собранието, што претставува значаен чекор кон институционализација на транспарентната и етичка политичка комуникација.

За изготвување на овој сет препораки вклучени се околу 20-сет признаени европски новинарски школи со цел да се постават образовни рамки околу правилно, одговорно, транспарентно и етичко употребување на алатките со вештачка интелигенција во формалното образование.

Политичарите треба да практикуваат етичка, транспарентна и професионална комуникација, базирана на факти, а не на манипулации и навредливи изрази е еден од заклучоците од денешната презентација на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“ пред пратениците, која ја организираше Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на РСМ.

Претставници на девет институции дискутираа за воспоставување координиран пристап кон справување со странско мешање и манипулирање со информации (СММИ), хибридни закани и дезинформации

Пратеници и вработени во собраниски служби учествуваа на дводневна работилница за препознавање и реагирање на СММИ што Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја одржа на 8 и 9 јули 2025 година во Велес.

Во Северна Македонија не постои систематизиран пристап за справување со странско мешање и манипулирање на информации (СММИ), ниту институционален механизам за брза и координирана реакција.