За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Истражувањата покажуваат дека природно базираните решенија се клуч за справување со климатските промени и загадувањето, обезбедувајќи одржливи и безбедни градови.

На јавната дискусија ќе се отстапи време и простор на присутните да ги изнесат своите ставови и гледишта кон тоа во кој правец треба да се развиваат големите урбани заедници во Македонија, како и да постават прашања кои би помогнале во создавање на одржливи заедници непосредно пред локалните избори во државата.

Во периодот од 3 до 5 септември 2025 година, во Атина се одржа Media Edukathon – настан кој обедини 60 професионалци од 16 земји, посветен на развој на иновативни едукативни проекти и алатки за вештачката интелигенција (ВИ) и нејзиното влијание врз медиумите.

Овие обуки се реализира во рамки на проектот: „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, како дел од пошироките напори за унапредување на медиумската писменост и зајакнување на отпорноста на јавниот дискурс.

Нивните пораки и начинот на коишто комуницираат со јавноста и со нивните политички противници ја креираат сликата за политичката култура и јавниот дискурс, но и ги креираат моделите на однесување и вредности.

Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.