fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави водичот „Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации“, којшто има за цел да им помогне на новинарите, уредниците и медиумските работници како полесно да се справат со неизбежниот наплив на дезинформации, погрешни, злонамерни информации и други манипулативни техники.

Прекршувањето на дигиталните права вообичаено зачестува во овој период, при што онлајн дискурсот често ја преминува границата од дебата во говор на омраза и поттикнување насилство.

ИКС организираше работни средби со професори од повеќе средни училишта од Скопје, како и претставници на ИРЕКС, Младински образовен форум (МОФ), и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), кои ги изнесоа своите мислења и препораки за македонскиот модел за поттикнување граѓанска вклученост преку медиумска писменост.

Дали Министерството за здравство ги остава на цедило крводарителите? Реагираат дека им се кратат бенефициите во здравствениот систем и дека јавното здравство не им ги пружа услугите кои им требаат.

Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, го промовираа Речникот на медиумската писменост.

Документарниот филм на ИКС „Другата страна на туризмот“ е награден на Меѓународниот фестивал за заштита на природата и животната средина, еден од најголемите тематски настани поврзани со заштита на животната средина и филмови за природата во Унгарија и регионот, што по деветти пат се одржа во Будимпешта од 19 до 21 мај.