fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за апстракти за КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 4)

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на третиот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.

КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации. Трудовите објавени во КАИРОС можат да се фокусираат на горенаведените области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички и технолошки перспективи.

Важни датуми

  • Краен рок за поднесување на апстракти е 06 ноември 2023 година.
  • Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 10 ноември 2023 година.
  • Рокот за испраќање на целосните трудови (4.000 – 7.000 зборови) е 15 јануари 2024 година.
  • Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
  • Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.

Инструкции за пишување на апстрактот

КАИРОС е креиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, кој претставува петгодишна програма која работи со младите за да им помогне подобро да се снаоѓаат во денешниот информативен екосистем и да учествуваат во него на начин што ќе информира и вклучува, наместо да разделува и поларизира.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат” е имплементиран од ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите во проектот се овозможени со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).