fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Некои граѓани се жалат дека плаќаат премногу за струја, други не знаат каде да се пожалат ниту каква е постапката. А сите сакаат дневна евтина тарифа. Прашања за сметките на струја има многу, а одговорите од ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика гледајте ги во емисијата Само прашај.

Мастер часовите претставуваа комбинација од интензивни сесии, вежби и дискусии со обучувачи - искусни новинари и практична работа за изработка на медиумски производи во тимови.

Во ерата на брзиот технолошки напредок и дигитализацијата, дезинформациите се појавија како глобална закана со далекусежни политички последици. Пандемијата КОВИД-19 и војната во Украина ги изложија опасностите од дезинформациите и нивниот потенцијал да ја поткопаат довербата во институциите.

„Балкански трол на месецот“ се однесува на физичко лице, група на физички лица или на медиум кој шири омраза врз основа на пол, верска или етничка припадност или по основ на други категории на различности. Балканскиот трол се избира врз основа на случувањето на инциденти поврзани со говор на омраза кои се препознаени како такви во регионот на Западен Балкан.

Ако успееш да најдеш лек, ќе платиш со свои пари, па ќе чекаш Фондот за здравствено осигурување да ти врати дел. Рефундацијата на средства – равенка со многу непознати. Платено лекување во странство и нови лекови на позитивната листа, други танталови маки на пациентите.

Станува збор за приватизација на атрактивни парцели спроти поранешното НИП „Нова Македонија“, кои завршија во рацете на познат бизнисмен по цена од седум евра од квадрат. Истражувањето предизвика голем интерес во јавноста, по што Владата беше принудена да ја промени Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште и да ги зголеми цените.