fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Целта на проектот ќе се постигне преку истражување за најдобрите практики во подигањето на свесноста за ризиците од земјотресите, создавање информативни материјали за пошироката јавност, кампања на социјални мрежи, комуникација со локалните власти и институции за заштита, спасување и справување со кризи, како и спроведување обуки на терен.

На Конгресот, новинарите од Македонија ги следат и ќе известуваат од дискусиите на повеќе од 300 уредници, новинари и издавачи на кои се споделуваат идеи и се предлагаат решенија за пречките со кои се соочуваат професионалното новинарство, медиумскиот плурализам и ширењето на информации од јавен интерес. На сесиите, се разговара главно за импликациите и можностите што ерата на вештачката интелигенција ги носи на демократијата, слободата на медиумите и севкупниот информациски екосистем, но и како вештачката интелигенција може да се интегрира во редакциите, истражувајќи го потенцијалот што го поседува.

Кога животот неочекувано ќе тргне во удолница, системот би требало да биде столб за стабилност, но наместо тоа, државата исцртува лавиринт од процедури и документи.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за медиуми за поддршка на производство на медиумски продукти за разоткривање на мотиви, наративи и/или влијание на дезинформации во општествената сфера.

Граѓани мора да враќаат „брзи“ кредити кои не ги земале зашто им биле злоупотребени личните податоци. Од Групацијата на небанкарските финансиски друштва одбиваат да зборуваат за измамите, ниските казни од МВР и Обвинителството не ги одвраќаат од злоупотребите, а Народниот правобранител предупредува на огромни трошоци и провизии.