fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Посебно признание од ЗНМ за истражувањето на „Само прашај“ за продажбата на државно земјиште спроти „Нова Македонија“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги додели годишните новинарски награди. Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ ја доби документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ.

Беа доделени и четири посебни признанија за истражувачко новинарство, од кои едното му е доделено на новинарот Мартин Пушевски за објавениот серијал истражувања на платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии, за приватизацијата на државно земјиште во Општина Центар по багателна цена, објавени во март 2022 година.

Станува збор за приватизација на атрактивни парцели спроти поранешното НИП „Нова Македонија“, кои завршија во рацете на познат бизнисмен по цена од седум евра од квадрат. Истражувањето предизвика голем интерес во јавноста, по што Владата беше принудена да ја промени Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште и да ги зголеми цените.

ЗНМ им додели признанија за истражувачко новинарство и на новинарите Фросина Димеска, Ирена Мулачка, Петар Клинчарски, додека Кристина Атовска која беше прва новинарка која отиде во Украина доби плакета.

Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење му припадна на Аднан Ќаири од Алсат, а наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Драган Ѓоргоски.

Сториите се достапни на линковите подолу.